Состојбата на повредените во несреќата во Нови Сад е многу сериозна, изјави денеска министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ и наведе дека во саботата биле сослушани 26 лица во врска со несреќата, а денеска ќе бидат сослушани уште пет лица. Во Војводина е втор ден на жалост. Поради трагедијата во Нови Сад во Црна Гора денеска е Ден на жалост, јави дописникот на МИА од Белград.

Само тројца од 17-те кои беа под настрешницата преживеаја и повредите им се тешки, на еден од нив, момче родено 2006 година, му беа ампутирани нозете до глуждовите, на девојката родена 2000 или 2001 година и беа ампутирани нозете, додека на втората девојка и е ампутирана рака, изјави Дачиќ за РТС.

Тој посочи дека за виновниците за несреќата ќе биде утврдена кривична и политичка одговорност и наведе дека вчера по наредба на обвинител во новосадската полициска управа биле на распит 26 лица, меѓу кои и лица од Министерството за транспорт предводено од министерот Весиќ, но дека никој не е приведен затоа што само се собираат информации.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.