Милена М.(35) од Крагуевац ноќта меѓу неделата и понеделникот била застрелана од нејзиниот сопруг Владимир М.(40), најверојатно од пиштол, во пределот на лицето и вратот. Тешко ранетата е префрлена во болница каде лекарите се борат да и го спасат животот.Сопругот побегнал од местото и потрагата по него е во тек. Ранетата е докторка која работела во Германија, а во Србија дошла на одмор да се види со семејството. Се претпоставува дека тоа што го оставила семејството е причина сопругот да посегне по сопругата.
Тие беа хармоничен пар, тој повремено одеше во Германија со децата, а таа често доаѓаше во Крагуевац. Сите бевме среќни што добро се снајде во новата работа и што наскоро сите ќе бидат заедно..Владимир ја напушти работата за да се грижи за децата додека таа беше во Германија. Тие се бореа толку разделени, а сега се случу оваа трагедија. Немаше индикации дека имале некакви проблеми. Семејството на Владимир беше малку вознемирено поради нејзиното заминување, мислеа дека им ги одзема децата.Имаат две мали деца, не знам што му се случи за да го направи тоа – открива пријател на семејството.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.