Полицаец (38) со пушка ја застрелал 42-годишната сопруга, по што и самиот си пресудил, пренесуваат грчките медиуми. Инцидентот се случил утрово во стан во населбата Каламарија во Солун. Според „Прототема“, двете деца на двојката сè уште не знаат ништо за злосторството.  Нив утрово нивниот татко ги одвел на училиште непосредно пред да го изврши крвавиот чин.

Според информациите на грчките медиуми, полицискиот службеник Л.М. служел во одделот за технички апликации на северна Грција и немал службено оружје.

Ја застрелал сопругата со пушка, при што смртно ја ранил во стомакот.

 Ги познавам со години, последната година беа разделени, не живееја заедно, вели локален жител кој ја познавал поранешната двојка.

Властите истражуваат дали мотивите на убиецот се поврзани со љубомора.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.