Рап пејач е уапсен во Грција, обвинет е дека употребил експлозив за да ограби банкомат, а со парите си ги плаќал музички спотови, соопштија грчките власти.
28-годишникот викендов бил уапсен заедно со уште двајца осомничени откако полицијата упадна во имот во близина на Атина.
Во полициската акција полицијата запленила 1,5 килограми експлозив, автоматска пушка М16, четири пиштоли и нешто повеќе од 200.000 евра во готовина.
Портпаролката на тамошната полиција изјавила дека бандата е поврзана со 10 напади на банкомати во повеќе делови на Грција, главно на изолирани локации, а досега украла вкупно околу 710.000 евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.