Во веќе видена атмосфера, предизвикана од приврзаниците на Сали Бериша, запалени димни бомби, обиди за напад врз обезбедувањето, пратениците од владејачкото мнозинство со 74 гласови „за“ го усвоија буџетот за 2024 година.

Буџетот, поради хаосот во собраниската сала, мина без расправа а истата траеше само осум минути.

На седницата присуствуваше премиерот Еди Рама, но отсутен беше, судски признаениот претседателот на Демократската партија, Љуљзим Баша, зад кого се помал број демократски пратеници.

Сали Бериша, кој го предводи побројното крило во ДП, заедно со 5 пратеници кои го поддржуваат, Фламур Нока, Елда Хоти, Албана Вокши, Газмент Барди и Еди Палока, поради насилничките однесувања на минатата седница, Советот за етика ги исклучи од работата на законодавниот дом во период од 10 дена.

Како што изјави министерот за финансии и економија, Ервин Мете, буџетот тежи над 7 милијарди евра, поддржува натамошен економски развој, унапредување на вработувањето и социјална заштита, рече тој.

Во нашите проекции предвидуваме економски раст од 3,8 отсто, натамошна фискална консолидација, зголемување на вработеноста и намалување на инфлацијата. Посебен акцент се става на зголемувањето на пензиите и платите и овозможување да се постигне целта поставена од владата просечна плата да достигне 900 евра, најави Мете.

Со буџетот, според него за првпат ќе биде испочитувано потребното ниво поврзано со обврските за членство во НАТО, со 2 отсто од бруто домашниот производ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.