Утрово во Белград се случи страшна трагедија. На потегот меѓу обиколницата и тунелот кај Ресник се судриле патнички автомобил и камион со бугарски регистарски таблички.

Очевидец кој случајно се нашол на лице место, за Курир.рс вели дека возачот на пунтото, прво удрил во камионот, а потоа излегол од возилото и се самоубил со истрел од пиштол.

По излегувањето на терен, екипа на Брза помош констатирала дека едно лице починало. Се работи за маж на околу 50 години. Како што неофицијално дознава РТС, најверојатно се работи за самоубиство.

На местото на настанот веднаш пристигнале полициски патроли, а во тек е истрага по што треба да се знаат деталите за оваа страшна трагедија.

Имено, Брзата помош констатирала смрт на 50-годишен маж, кој според неофицијални информации се самоубил по сообраќајна несреќа кај Ресник. Несреќата се случила меѓу тунелот Стражевица и кружниот тек кон Ресник, при што се судриле автомобил и камион. Сообраќајот во двата правци е во прекин.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.