Продолжува потрагата по двајцата македонски државјани кои вчера беа однесени од морските струи на првиот крак Касандра на Халидики.

Крајбрежната стража беше алармирана вчера попладне околу 18 часаот дека три лица влегле во морето и се изгубиле од видно поле.

Според грчките медиуми, исчезнатите се на возраст од 28 и 30 години, додека третиот кој беше спасен е на 25-годишна возраст.

Тројцата млади мажи дошле од Скопје за да прослават раѓање на дете – изјавила Анастасиа Чалкиа, градоначалничка на Касандра во Халкидики.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.