Јован Вукотиќ, водачот на Шкаљарскиот клан кој беше убиен во Истанбул на 8 септември околу 18 часот, со себе имал два мобилни телефони кои се обидел да ги сокрие неговиот возач Е.К.! Вукотиќ се претставувал како Никола.

Полицијата веднаш извршила претрес на возачот и неговиот автомобил, но не биле пронајдени мобилни телефони.

 По нападот возачот пешачел до оградата покрај патот и таму останал извесно време, што им било сомнително. Полицијата излегла на местото што го покажале, детално го пребарала просторот и пронашла два мобилни телефони скриени во железна ограда. Инспекторите ги зеле телефоните и тие ќе бидат детално прегледани во текот на истрагата за убиството – пишува турските медиуми.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.