Премиерот на Словенија Роберт Голоб информирал дека штетите од катастрофалните поплави во неговата земја изнесуваат неколку милијарди евра.

Голоб посочил дека приоритет е да се воспостави основна инфраструктура, како струја и вода. Додал дека помошта за Словенија почнала да пристигнува од странство и дека во моментов најпотребна е тешка механизација, како и монтажни мостови, соопшти Радио-телевизија Словенија.

Веќе почна да пристигнува помош, не само од ЕУ, нагласил Голоб.

Словенечкиот премиер информирал дека дури и Украина испратила хеликоптер, што, како што рече, значи дека солидарноста навистина нема граници.

Премиерот рекол дека овие поплави се најголемата катастрофа во поновата историја на Словенија и дека Владата ќе направи се за да им помогне на настраданите од поплавите.

Словенечката Влада во понеделник одржа кризен состанок на кој се разговарало за штетите и мерките за отстранување на последиците од поплавите во кои најмногу беше оштетена инфраструктурата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.