Лидерот на Српската радикална партија, Воислав Шешељ, ослабел неверојатни дваесет килограми.

Политичарот, првпат по изборите се појави во јавноста на почетокот на неделава кога присуствуваше на приемот во руската амбасада по повод Денот на Русија и ги изненади присутните со својот изглед.

Како што коментираат српските медиуми, Шешељ на  сега делува поопуштено, но и видно послабо, па може да се заклучи дека слободното време го користел да се грижи за своето здравје и изглед. Медиумите додаваат дека политичарот ослабел со намалување на исхраната, а бил и многу физички поактивен.

Се храни многу поздраво, а почнал и редовно да плива во базенот кој се наоѓа во дворот од неговата куќа во Батајница. Сето тоа заедно со останатото придонесе не само Шешељ да ослабе, туку и да се чувствува многу подобро. Тој е задоволен и тврди дека е во подобра форма од кога било – велат извори блиски до Шешешљ.

Инаку, Шешељ на приемот во амбасадата на Руската Федерација се појавил во друштво на синот Александар.

Тука сите ме примија топло, особено воените аташеа – еден генерал и двајца полковници. Веројатно е време четничкиот војвода да се дружи со генерали и полковници – изјави лидерот на радикалите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.