Ноќта на северот на Косово помина мирно.
Премините Јариње и Брњак се уште се затворени и за пешаци и за возила. Сообраќајот е затворен на главните патишта, а може да се движите само по споредните патишта, јави РТС.
На барикадите ноќта поминала мирно, а пред полноќ одвреме навреме се слушале пукотници и детонации, но нема информации за повредени или ранети, јавува РТС.
Вчера во попладневните и вечерните часови Србите на северот на Косово излегоа на неколку контролни пунктови и формираа барикади поради апсењето на поранешниот полицаец Дејан Пантиќ во Јариње.
И покрај континуираниот дожд цела ноќ, исто како и утрово, Србите се собраа на барикадите во Ибарска Слатина кај Сочаница и во Лешко.
Како што велат, нема да се откажат од своите намери, а утрото повторно почна да се зголемува бројот на граѓани на барикадите.
На магистралниот пат Лепосавиќ – Косовска Митровица се паркирани шлепери, автобуси и автомобили. На околу километар кон Сочаница е паркирано и возило КФОР.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.