Српскиот Кризени штаб за борба против корона вирусот донесе одлука за укинување на Ковид пропусниците. Министерката за труд и социјални прашања Дарија Кисиќ Тепавчевиќ, соопшти дека одлуката стапува на сила од сабота.
Ковид пропусниците беа воведени на 23 октомври минатата година и прво важеа по 22 часот, но со зголемувањето на бројот на новозаразени, нивната важност беше продолжена, па се применуваа од 20 часот.
Кисиќ Тепавчевиќ изјави дека делта сојот на корона вирусот „повеќе не е регистриран во Србија“, а во моментот кога била донесена одлуката за воведување на ковид пропусниците тој бил доминантен и пропусниците биле ефективни за негово сузбивање.
Како што кажа Кисиќ Тепавчевиќ, се задржува препораката за носење маски во затворени простории, а се укинува ограничувањето на бројот на луѓе во затворени простории.
Кога станува збор за изолација на пациентите, таа се уште е во сила бидејќи тоа е основната антиепидемиска мерка, која опфаќа изолација од седум дена, доколку е потребно и подолго – соопшти таа по седницата на Кризниот штаб.
Се препорачуваат дополнителна, четврта бустер доза на вакцините за оние над 18 години, пет месеци по првата бустер доза, а прифатена е препораката за воведување на бустер доза за вакцинација на деца од 12-18 години, најмалку пет месеци по примањето на втората доза.
Кисиќ Тепавчевиќ, додаде дека е укинат и карантинот за лицата кои биле во контакт со заразени лица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.