Судењето на Тачи и на водачите на ОВК во Хаг е баш како што мислев дека ќе биде – ништо не излезе од тоа. Нема ни да размислат за киднапирањето на мојот Давор, ми ги вратија документите. Албанците знаат каде се закопани нашите, не можат да ни кажат додека Курти не одобри, така ни кажаа. Сега сум стара, како да заминам, да не го закопам? Да знам дека син ми ќе биде покрај мене.

Ова за српските медиуми го вели Гордана Ристиќ, мајката на Давор Ристиќ, кој беше киднапиран ден по неговиот 28 роденден, на 22 јуни 1999 година на Косово и Метохија.

Давор Ристиќ од Косово Поље со автомобил заминал во Приштина да смени дел од возилото,  Гордана во тој момент била во Приштина и одела да купи намирници кои веќе ги немало и почнал хаосот.

Кога се вратив, син ми го немаше. Веднаш помислив дека исчезна, затоа што видов толпа во Приштина.  Кога дојдов дома, кога снаа ми кажа дека Давор не дошол јас веднаш реков – киднапиран е“.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.