Србија важи за земја каде што има голем број јубители на ракија и вино, но анализа на алкохолни пијалоци во земјата дала прилично лоши и загрижувачки резултати.
По неодамнешната анализа на медот, во која 22 од 25 примероци се констатирани неисправни, тестирани се вино и ракија од земјата, а добиени се слични резултати. Само една од седум ракии била вистинска, односно немала адитиви за етанол и шеќер, додека само едно од 14 вина ги исполнувало стандардите. Во нив биле додавани вода и шеќер. Станува збор за вина претежно од странство, односно од увоз.
Двете анализи ги побарал кластерот „Движење на потрошувачи за квалитет на храната“. Станува збор за нов изотопски метод кој претставува збир од неколку методи со кои може да се утврдат нелегални практики при производство на мед, вино и ракија.
Методот е развиен во 2008, 2009 година, а зад него стои Иван Смајловиќ, дипломиран технолог од Панчево, сопственик на лабораторијата Ана лаб. Проблемот со фалсификуваната храна и пијалоци е глобален и голем. Во Европската Унија на полиците на продавниците се пронајдени 27.000 тони лажна храна, пишува „Н1“.
Податоците покажуваат дека измамите со храна во земјите-членки на ЕУ се зголемиле за 85 отсто меѓу 2016 и 2019 година, а по пандемијата и почетокот на војната во Украина, бројот на случаи се зголемил уште повеќе. Проценките за загубата во Нова се движат од осум до 12 милијарди евра.
Уште поважно, освен пари, овие производи имаат негативно влијание и врз здравјето на луѓето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.