Србија на 17 демември излегува на предвремени парламентарни избори. Избори кои се случуваат на барање на опозицијата која го предизвика претседателот Вучиќ да ги распише.Но, откако ги распиша буквално молеа кај странците да ги одложат бидејќи знаат дека ќе ги изгубат.
Владејачката Српска напредна партија е огромен фаворит и прашање е само колкава ќе биде разликата. Соочени со пораз, медиумите под контрола на тајкунот Драган Шолак почнаа да измислуваат афери во кои се напаѓа семејството Вучиќ.Највалканата лага е дека извесен Албанец е татко на претседателот Вучиќ.
Однесувањето на српската опозиција во многу наликува на однесувањето на СДСМ кога беше во опозиција. И СДСМ во време на најголемата политичка криза, преговори во Пржино бараше и доби одложување на изборите.Но, и тоа не им помогна па кога тие се одржаа СДСМ изгуби со два пратеника но со помош на Западот и амбасадите формираше влада.
Сличност има и во поводот да се излезе на улица, да се протестира и да се бараат избори.СДСМ како повод во политичката криза го искористи убиството на Мартин Нешковски на плоштадот во Скопје, а повод за протест во Србија беше убиството на Коста Кецмановиќ во училиштето „Владислав Рибникар“.
Слично како во Македонија, српската опозиција сака контрола врз медиумите и затворање на тие што не им се наклонети како што е весникот „Информер“ и телевизиите „Пинк и „Хепи“.
Она што е различно од Македонија и во што српската опозизија не успеја е барањето за техничка влада. Тоа од старт претседателот Вучиќ рече дека нема да го добијат и дека Србија нема да наликва на некои земји од регионот, мислејќи на Македонија.
Уште една сличност со Македонија е што лидерот на српската опозиција Драган Ѓилас е еден од најбогатите луѓе во Србија со богатство од над 600 милиони евра. Останатите актери се добро познати на политичката сцена како Борис Тадиќ, Чеда Јовановиќ и Вук Јеремиќ кои немаат никаква поддршка кај народот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.