Мат Милер, портпарол на Стејт департментот, на брифинг за новинарите синоќа кажа дека извештаите на ОБСЕ и на останатите изборни набљудувачи посочуваат на нерегуларности во изборниот процес како насилство насочено кон изборните органи, новинарите и акредитираните набљудувачи, и дека тоа е „неприфатливо“.

Сите тврдења за нерегуларности од страна на ОБСЕ и другите изборни набљудувачи треба да бидат истражени, рече Милер и додаде дека САД ги разгледуваат прелиминарните наоди на изборните набљудувачи на ОБСЕ.

Тие истакнуваат дека изборите на 17 декември им понудиле на гласачите избор на политички алтернативи, но исто така укажуваат дека биле нарушени со бројни процедурални недостатоци, притисок врз државни службеници и злоупотреба на владини ресурси, и дека овие фактори, заедно со систематската предност на владејачката партија, создале нефер услови, рече Милер.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.