Американскиот амбасадор во Приштина, Џефри Ховениер, истакна дека САД најостро ги осудуваат насилните дејствија на демонстрантите во Звечан, вклучително, како што наведува, употребата на експлозиви против КФОР.
На Твитер, Ховениер го повтори повикот на САД за итен прекин на насилството или дејствијата кои поттикнуваат тензии или промовираат конфликт.

„САД силно ги осудуваат насилните акции на демонстрантите денеска во Звечан, вклучително и употребата на експлозиви, против војниците на КФОР кои сакаат да го зачуваат мирот, напиша Ховениер.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.