Коментирајќи ја изјавата на српскиот претседател Александар Вучиќ за плаќање на рускиот гас во рубли, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, порача дека загриженоста на Србија поради таквата одлука ќе биде приоритет за Русија.

Тоа е сосема нормално. Тој е во право. Навистина може да биде проблематична ситуација, бидејќи во овој случај Бугарија презеде непријателски чекори кон нас. Затоа ќе мора да плаќа во рубљи, сакале тие или не сакале. Но, во исто време тоа не се однесува на Србија. Тоа е проблем што треба да се реши. Се разбира, загриженоста на Србија ќе биде приоритет за нас – изјави Песков.

Вучиќ претходно порача дека може да се очекуваат негативни ефекти поради воведувањето на плаќањата за гас во рубљи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.