Русија вети дека ќе продолжи со испораките на гас за Унгарија и дека Гаспром ќе ги исполни своите договорни обврски кон земјата, изјави унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто во денешното интервју за јавното радио.

Руски Гаспром во средината на неделата ја намали испораката на гас за Европа преку гасоводот Северен тек 1 за 60 отсто, што погоди голем број европски земји, меѓу кои Германија, Франција и Италија. Сијарто рече дека извршниот директор на Гаспром Алексеј Милер и рускиот вицепремиер Александар Новак во телефонски разговор го увериле дека компанијата ќе ги исполни кон Унгарија своите обврски од договорот, рече Сијарто. Унгарија добива 3,5 милијарди кубни метри гас годишно преку Бугарија и Србија и дополнителни една милијарда кубни метри преку цевководи од Австрија, според 15-годишен договор, со опција за промена на испорачаното количество по 10 години.

Сијарто денеска истакна дека енергетската безбедност на Унгарија, вклучително и снабдувањето со гас, е стабилна и дека испораките на гас пристигнуваат секојдневно според договорот, навреме, без никакви пречки. Германија денеска објави дека дополнително ќе го зголеми нивото на гас во складиштата за следната зимска сезона кога Русија би можела да го намали или прекине снабдувањето



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.