Русите се купувачи шест од осум луксузни станови во Белград. Подготвени се да искешираат повеќе од 200.000 евра, а освен станови на најдобрите и најскапите локации, купуваат и деловни простории и куќи, велат  експерти за продажба на недвижности во Србија.

Руските граѓани се почесто купуваат станови во Србија поради санкциите што Западот ги воведе кон Русија и неможноста да работат во сопствената земја.

Има две групи Руси кои решија да купат станови овде во последните месеци. Првата група се купувачи кои најчесто бараат помали станови во општините кои се подалеку од центарот и цените на тие станови се и до 100.000 евра. Втората група ја сочинуваат побогати купувачи кои купуваат станови во ексклузивни комплекси  како Белград на вода. Цените на овие станови се од 3.000 евра за метар квадратен.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.