Во страшното невреме кое вчера го зафати Загреб се урна градежен кран, а во моментот во него бил и работник од Индија. Како што пренесува хрватски „Индекс“, тој бил во кранот во моментот кога разорниот ветер го соборил, но го преживеал падот од чиста среќа.
Тој е хоспитализиран во болницата Свети Дух, има само скршеници на левата рака и се наоѓа надвор од животна опасност. Синоќа во болница го посетил министерот за здравство Вили Берош.
Станува збор за 36-годишен индиски државјанин кој работи на градилиштето каде се урнал кранот. Со оглед на тоа што кранот паднал на коловозот, среќа е што никој не поминувал, па освен работникот, никој друг не е повреден при падот на кранот.
Во супербугара во Хрватска загинаа двајца мажи во Загреб и еден во Славонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.