Речиси целата Црна Гора е без струја, соопшти Црногорскиот електродистрибутивен систем (ЦЕДИС).

Како што се наведува во краткото соопштение на Фејсбук страницата на ЦЕДИС, проблемот е „дефект во мрежата на црногорскиот електропреносен систем“.

Не се знае кога проблемот би можел да се реши.

Во исто време, како што пренесуваат хрватските медиуми, речиси цела Далмација е без струја.

Без струја останаа Сплит, Омиш, Макарска, Дубровник и Жупа Дубровачка, Каштел, Солин, Водице, Првиќ, Задар, Стариград Пакленица, бројни острови…

Без напојување со електрична енергија денеска остана цела Босна и Херцеговина.

Ова за локални медиуми го потврди Елекропренос БиХ. Засега не е позната причината за прекинот на електричната енергија во БиХ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.