Инфлацијата во Грција за месец јануари бележи зголемување за 6,2 отсто во споредба со истиот период лани, согласно официјалните податоци од грчката служба за статистиката, а според медиумите, станува збор за највисока инфлација во изминатите 25 години.

Доколку се направи споредба на сегашните податоци со оние од лани, но и на податоците за јануари 2022 година со декември 2021 година, најголемо зголемување има на цените на природниот гас, електричната енергија и нафтата за греење.

За една година, во периодот од јануари 2021 година до јануари 2022 година, цената на природниот гас се зголемила за 154,8 отсто, на електричната енергија за 56,7 проценти, на нафтата за греење за 36 отсто, а на горивото за 21,6 проценти.

Цената на природниот гас за само еден месец се зголемила за 14,2 отсто, а на струјата за 8,8 проценти.

Зголемување, во периодот од една година, има и на цените на сите прехранбени продукти, со исклучок на свинското месо и сувомесните продукти.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.