Албанскиот премиер Еди Рама, на новинарско прашање на заедничката прес-конференција со неговиот македонски колега Димитар Ковачевски во Скопје, дали во Приштина ќе се сретне со премиерот на Косово Албин Курти, кажа дека „се уште има надеж оти Курти не заборавил дека гостинот не се брка од дома“.

Се надевам дека Албин не заборавил на каменот дека на било кој да ти дојде дома, му се отвора врата и забрането е да го извадите од домот – кажа Рама одговарајќи на новинарско прашање.

Рама утрово пред да пристигне во Скопје објави дека се потпишани 13 договори од седницата на владите на Албанија и Косово и се доставени до Министерството за надворешни работи на Косово. Рама во објава на Твитер посочува дека по потпишувањето на договорот очекува потврда од премиерот Албин Курти за средбата.

Вчера медиумите во Тирана објавија дека Рама нема да ја откаже балканската турнеја и покрај тоа што неговиот косовски колега Курти одби да се сретне со него.

И покрај одбивањето на премиерот Албин Курти да го прими на разговор, Рама ќе го посети Косово, но ќе се сретне само со претседателката Вјоса Османи.

Средбата Рама – Османи ја потврдиле за „Еј-би-си Њуз“ (ABC News) доверливи извори.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.