Албанскиот премиер Еди Рама веднаш реагираше на соопштението од Бугарското министерство за надворешни работи кое побара од него да го прилагоди вокабуларот и изразувањето.

Бугарското Министерство за надворешни работи има проблем со мојот начин на зборување! Доволно е фер. И јас имам проблем со начинот на кој Бугарија сака да ги реши билтаралните прашања користејќи го процесот на проширување како средство за киднапирање на две земји од НАТО! Пријатели: Кренете го ветото или издржете ме!, напиша Рама на Твитер.

Претходно бугарското МНР побара албанскиот премиер „да го прилагоди своето изразување и јазик, како што соодветствува за политичар од земја-кандидат за членство во ЕУ“.

Не е првпат да слушаме неиспровоцирани остри, навредливи квалификации од еден шеф на влада. а ова ниво секогаш сме ја покажувале сета почит што бара одговорна позиција и ниво на меѓудржавни односи. Имаме заедничка иднина со Албанија. Политичарите си заминуваат. Нациите остануваат. Нашите народи имаат заеднички интерес, кој не смее да се поткопа со погрешна проценка на еден политичар. Недозволиво е односите меѓу државите да станат заложник на ексцентричноста на актуелниот албански премиер, соопштило тамошното МНР.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.