Името Радомир Почуча се најде на листата на убиените српски напаѓачи кои беа објавени во косовските медиуми. Но, Почуча преку се обрати преку социјалните мрежи демантирајќи ги ваквите објави. Вели дека е жив и не планира да умре.
Вели телефонот денеска му се запалил од ѕвонење, пријатели, колеги, роднини да проверат дали информациите се вистинити. Биле објавени фотографии од вооружен човек, но не се работи за него. Ја коментира сомнителноста на целото случување. Застанува на страната на српскиот претседател Александар Вучиќ, иако, како што вели, во последниот период воопшто не се согласуваат. Нагласува дека е здрав, и покрај годините што ги има, и секогаш е подготвен е да ја брани Србија и да го, како што вели, истераат окупаторот. Нема веќе попуштање, се што е согласно правото, законот и уставот треба да се прави.
„Албанските медиуми во Косово објавија дека сум мртов, како што гледате не е вистина. Не сум мртов, ниту планирам да умрам, сè уште нема куршум со моето име“, пишува тој на социјалните мрежи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.