Бугарскиот претседател Румен Радев денеска нагласи дека не може да се формира Влада во државата „по секоја цена“.

Не може да има влада по секоја цена – производ на задкулисни и непринципиелни договори, а во исто време ќе инсистирам на конструктивен, отворен, ефективен дијалог, ќе инсистирам на исцрпување на сите можни опции за формирање влада, рече тој по консултациите со претставниците на политичката партија „Продолжуваме со промената“.

Шефот на бугарската државата се консултира со парламентарните сили во 48. Народно собрание според уставот пред да го предаде првиот мандат за формирање влада, јави БТА.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.