Претседателот на Бугарија, Румен Радев, на влегување во Европскиот совет во Брисел изрази надеж дека бугарските пратеници ќе се обединат околу изборот на претседател на 48. Народно собрание.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, Радев изразил зачуденост што на самиот почеток на Народното собрание наместо да дава резултати уште од самото свикување, тоа почнало со уставна криза.
Буџетот на Бугарија мора да биде усвоен. Исклучително е важно да бидат усвоени предлог законите што ги подготви техничката Влада за Планот за закрепнување и отпорност, за да можеме од тука да ги бараме траншите според овој план – порача Радев.
Тој го прокоментира и ставот на лидерката на БСП, Корнелија Нинова, која изјави „Радев има за цел да го уништи парламентаризмот и Бугарија да премине кон владеењето на еден човек“.
Радев коментираше дека лидерите на бугарските политички партии, особено на парламентарните, треба да ја преземат својата одговорност, да направат да ги привлечат бугарските граѓани пред гласачките кутии, да имаат многу посериозна застапеност и да не се доаѓа до ваква ситуација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.