„Да“ за Албанија, „не“за Македонија. Бугарскиот претседател Радев уште еднаш го потврди ставот дека засега нема промена во нивната позиција околу евроинтеграциите на двете земји.
Тој дава целосна поддршка за Албанија што поскоро да ги почне преговорите за членство во ЕУ, а од друга страна, и по средбата со неговиот португалски колега остана на оценката дека Македонија не ги исполнила барањата од пакетот 4+1 и треба уште да работи за Софија да даде зелено светло.
– Беше изгубено значајно време да се бараат други начини за да се отвори вратата за почетни преговори за членство. Така што ќе ни треба повеќе време, а на Македонија посебно да ги исполни барањата на тој пакет, изјави Радев.
Ако до јуни не се тргне ветото за земјава, Албанијаќе го зголемува притисокот кај клучните европски играчи за самата да продолжи по европскиот пат, оценува професорот на Универзитетот во Грац, Марко Кмезиќ, кој беше во Скопје за дебата организирана од Институтот за европска политика..
– Мораме да ја гледаме и геополитичката ситуација, кризата во Украина и што се не. Такви сигнали пристигнуваат особено од Германија кадешто има нова влада, дека би можело да дојде до тоа раздвојување на претпристапните преговори на Македонија и Албанија, изјави проф. Кмезиќ.
Иван Новосел од хрватскиот институт за човекови права, пак е дециден дека ЕУ не смее да прифати билатераалните прашања да станат услов за интеграцијата на земјите од Западен Балкан..
– Јас мислам дека е ужасно голем проблем билатералните прашања да го оптеретуваат процесот на пристапни преговори. Хратска го имаше тоа искуство со Словенија поврзано со Пиранскиот Залив со границата на море и на копно, што со политички притисок успеа да се надмине. Понатаму ние не успеавме да го решиме тоа билатерално прашање. Мислам дека треба политички да се инсистира дека тие работи не треба да се носат во процесот на преговарање., вели Новосел.
До каде се преговорите меѓу Скопје и Софија околу спорните политичките прашања, информација нема, но во Бугарија се појавија сомнежи кај дел од владините коалицони партнери и кај опозиицјата, дека премиерот Петков дал ветување во ЕУ дека во јуни ќе го крене ветото. Тие особено се подгреаа по средбата на германската шефица на дипломатијата Бербок со бугарската колешка Генчовска, па ГЕРБ во петок ја повика во собранието да реферира за состанокот и позициите..
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.