Сите оние семејства кои трошат повеќе од 700 киловатчасови електрична енергија месечно, ќе плаќаат поскапа струја, информираше албанската министерка за инфраструктура и енергетика Белинда Балуку, по денешната седница на владата.

Се однесува на најголемите потрошувачи на киловат часови. Зборуваме за семејства, а не за малиот бизнис. Според направената студија, 700 киловат часови, се смета за нормална потрошувачка. Сè уште не е донесена одлука, но ви кажувам како бројка. Секое семејство кое ќе троши повеќе од 700 киловатчасови месечно, ќе плаќа повисока цена – изјави Балуку.

Ова следува по најавата на премиерот Еди Рама од собраниската говорница на пленарната седница одржана на 31 март.

Новинарите ја потсетија министерката дека Рама изјавил дека се прави студија со која ќе се разгледа можноста „богатите домаќинства да плаќаат поскапа електрична енергија“.

Премиерот не рече богати и сиромашни, не можеме така да ги делиме. Немаме намера така да ги класифицираме. Изјавата на премиерот се однесува на луѓе кои трошат повеќе енергија – рече таа.

Балуку исто така информираше дека владата донела одлука со која се укинува употребата на хартиените билети во меѓуградскиот и градскиот сообраќај и ќе ги замени со електронски.

Додаде дека издавањето на билетите сега ќе се врши преку фискализирани електронски системи за е-транспорт.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.