Силна експлозија го потресе Загреб вчеравечер нешто по 23 часот. Граѓаните вознемирени излегоа на улица, а студентите од студентскиот дом кој се наоѓа во близина на „Јарунска цеста“ на местото пронајдоа голема дупка, делови од нешто што наводно личело на авион, како и црвено-бел падобран.
Истрагата траела до зори, а наводно, според изјавите на хрватските медиуми, на одредени делови од леталото можело да се забележи црвена петокрака и написи на кирилица. Некои медиуми утврдија дека најверојатно се работи за стратешки дрон Ту-141 Вр Стриж.
Ова, според нив, укажува на можноста дека иако руската армија ги повлекла овие беспилотни извидници од оперативна употреба, повторно ги вратила и дека најверојатно биле користени за снимање на западниот дел на Украина долж границата со Унгарија и Полска, и дека во еден момент еден од дроновите преку Унгарија стигнал и до Загреб.
Според непотврдени информации, на неколку километри од местото каде што се урнало беспилотното летало бил пронајден падобран со видео.
Она што е интересно во целата приказна е како овој извидувачки дрон стигнал до Загреб и незабележано поминал низ целиот систем за надзор и предупредување на НАТО, по што паднал во центарот на Загреб.
Концернот „Туповљев“, кој е познат по производството на стратешки бомбардери, го направи и стратешкото беспилотно летало „јастреб“ со домет од 3.800 километри. Станува збор за извиднички дрон. Планот на „Туповљев“ беше да изгради авион што ќе врши набљудувачки летови на запад, зад „Железната завеса“, длабоко на територијата на НАТО.
Верзијата Ту-141 се користи за оперативно извидување и се лансира од специјална приколка TОУ-141. Покрај авионот и фрлачот, тука се и транспортното возило TЗM-141, контролниот систем TПУ-141 и станицата за обработка и дешифрирање информации ПОД-3.
Поранешната советска армија во својот арсенал имаше дури 152 вакви авиони. По распадот на СССР тие останаа во арсеналот на руската и украинската армија, со таа разлика што Русите го ставија овој стратешки беспилотен авион надвор од оперативна употреба пред нешто повеќе од 10 години. Не се знае дали го вратиле во оперативна употреба поради инвазијата, иако таа опција постои.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.