Првпат во 15 месеци наредив судска обдукција, вели за РТС директорката на ковид-болницата во Батајница, Србија, Татјана Аџиќ Вукичевиќ откако минатата недела 46-годишен пациент починал веднаш по приемот, што многу ги изненадило и вознемирило сите во центарот.

Станува збор за млад човек, роден 1976 година, кој ги добил првите симптоми во неделата. Тоа беа вообичаени симптоми, исти како кај сите други пациенти – треска и болки во мускулите. Во ковид-амбулантата во Земун бил пријавен како полесен случај, вели докторката.

Неговата здравствена состојба нагло се влошила три дена подоцна.

Во среда, четврток, кога се пријавил во приемно-тријажниот центар, општата состојба му била толку нарушена што практично дошол од кревет во шорцеви и маичка. Веднаш беше примен во нашата болница, тоа беше во раните утрински часови, момчето имаше сосема нормална снимка на белите дробови и сосема нормален ЕКГ запис, како и добра лабораториска слика, освен малку покачено ниво на хемоглобин, но она што беше загрижувачко е што не можевме да најдеме опиплив пулс, објасни Аџиќ Вукичевиќ.

Неколку минути подоцна, посочува, рацете му поцрниле и бил префрлен на одделението за интензивна нега. Веднаш почнала реанимација која траела 52 минути, но тој починал.

Ги замолив колегите од службата за радиологија да му направат скен на починатиот пациент кој покажа дифузни тромби, што значи исхемични промени насекаде – од главата, белите дробови, желудникот, горните и долните екстремитети. За првпат откако функционира ковид-болницата во Батајница, за овие 15 месеци наредив да се изврши судска обдукција, нагласи Аџиќ Вукичевиќ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.