Три лица се повредени, од кои едниот е потешко повреден откако ноќеска имало пукање пред клуб во Белград. Според првичните информации сѐ уште непозната личност излегла од блиската шума и дошла до ресторанот Коноба. НЕпознатиот му задал неколку удари во глава на 41-годишна личност, по што почнал да пука кон 40 годишен маж кој е погоден во левата надколеница. Потоа напаѓачот пукал и во 33 годишен маж кој бил погоден во нога.
Во престрелката е ранет припадник на обезбедувањето на клубот, а според првичните информации припадниците на Единицата за интервенции влегле во клубот и привеле неколку лица. Но сѐ уште се трага по напаѓачот
Од Брзата помош за РТС велат дека еден од настраданите е тешко повреден.
„По полноќ, поточно пет минути пред еден часот, добивме повик дека е пријавено пукање на сплавот. Еден од пациентите кој е донесен е тешко повреден, пренесен е во дежурниот објект, а дијагностиката ќе покаже колкава е неговата повреда“, изјави д-р Александар Чокановиќ од Итната помош.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.