42-годишен маж настрадал синоќа околу 17 часот на автопатот Белград – Ниш откако излегол од возило на Брза помош, а во него удрил друг автомобил. Како што пренесуваат српските медиуми, се работи за психијатриски пациент, кој требало да биде сместен во установа, а бил пренесуван со полициска придружба.
Со возило на Брза помош требало да биде пренесен во Психијатриската болница во Горња Топоница. Но, тој се вознемирил и излетал од возилото на патот, каде го удри автомобил и тој почина на лице место, пренесуваат медиумите.
Увид извршил јавен обвинител, по што е наредена вонредна техничка инспекција на возилото, алкотест на сите присутни, како и обдукција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.