Пресудата за Зоран Марјановиќ (41), кој доби 40 години затвор за убиството на неговата сопруга, пејачката Јелена Крсмановиќ Марјановиќ (33), што се случи на насипот во Борча на втори април, 2016 година, веќе неколку денови ја бранува јавноста.
Во образложението на пресудата, судијата образложува дека нема сомневање оти Марјановиќ е
сторителот на страшното злосторство, а откако дознал дека остатокот од животот ќе го помине
зад решетки, осудениот веднаш паднал во прегратките на синот од неговиот прв брак пред
судницата.
А, кога станува збор за првиот брак, она што остана незабележано во 2016 година, кога се случи
убиството, а и сега кога го доби својот епилог, е изјавата што првата сопруга на Марјановиќ ја дала за „Курир“ пред точно шест години.
Веднаш по убиството била сослушана во полиција каде наводно изјавила дека се развела за „да се оттргне од секташите и да не заврши како Јелена“.
Се сомневав дека семејството Марјановиќ се во некоја секта, живеев во страв со месеци. Затоа решив да ги оставам додека има време, за да не му се случи нешто на нашиот син. Да останев, сигурно ќе завршев како Јелена – ја објави тогаш „Курир.рс“, изјавата на првата сопруга на Зоран.
Таа не се појавува во јавноста, а познато е дека нивниот син по, разводот остана да живее кај татко му во Борча. Неговата втора сопруга е покојната Јелена Марјановиќ, со која почнал врска на 17 години. Таа зборуваше за нејзиниот брак во септември 2015 година, неколку месеци пред да биде убиена.
По нејзината смрт, во медиумите се појави Рада Матиќ од Виена, жена која тврдеше дека се
допишувала со Зоран еден месец по убиството на Јелена. Иако размениле експлицитни пораки, Рада тврдеше дека имала намера само да открие што точно се случило со пејачката Јелена и дали нејзиниот сопруг е вмешан. Рада почина од мозочен удар во септември, минатата година.
Вистина е дека Зоран ја запозна Јелена додека се уште беше во брак со првата сопруга, но таа не е главниот виновник за разводот. Соседите, но и познаниците кои одат кај нив, велат дека првата сопруга на Зоран го оставила кога почнала да се сомнева дека се во секта. Нејзе и беше чудно како се однесува семејството, особено свекрвата Зорица, а потоа и свекорот Владимир, но и самиот Зоран.
Затоа реши да излезе од таа куќа и да го заврши бракот на убав начин за детето да не страда или, не дај Боже, да биде повредено. Но, таа без разлика на се, побегна и се спаси! За жал, Јелена не успеа – коментира соговорникот на „Курир“.
Извор: Еспресо.рс
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.