Министерството за здравство на Кипар го соопшти првиот случај на мајмунски сипаници кај лице кое не патувало во странство, а во земјата досега се потврдени вкупно четири случаи, јави дописничката на МИА од Атина.
Новиот случај е кај 46-годишен маж, кој е хоспитализиран и е во добра клиничка состојба.
Кипарските медиуми коментираат дека предизвикува загриженост фактот што заразениот не е близок контакт на веќе потврден случај, ниту пак патувал во странство, со што веројатно постои раширеност на болеста во општеството.
Првиот случај на мајмунски сипаници на Кипар беше регистриран на почетокот на август.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.