Зградата на претставништвото на Европската комисија во Софија, во која се наоѓа и Бирото на Европскиот парламент, беше измачкана со црвена боја за време на протестот во неделата од поддржувачите на проруската партија Вазраждане, меѓу кои беа и неколку пратеници од партијата, пренесува „Еурактив“.

Протестот беше најавен во пост на страницата на Вазраждане (Преродба) на „фејсбук“ во кој беше соопштено дека ќе одат пред зградата на ЕК во Софија за да протестираат против мешањето на Брисел во внатрешните работи на Бугaрија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.