На Косово е најдено уште едно тело, со што бројката на убиените напаѓачи се искачи на четири. Лицето немало документи за идентификација.

Телото е пронајдено на околу 1,5 километар од местото на инцидентот, еден ден откако група од вооружени лица ја нападна косовската полиција. Информацијата за Радио Слободна Европа ја потврди обвинителот Наим Абази, кој додаде дека на местото на настанот е пронајдено уште едно возило полно со оружје.

Oбвинителството на Косово потврди денеска дека го пронашло мртвото тело на уште еден од осомничените напаѓачи на северот на земјата, со што бројот на убиените од редовите на вооружената и маскирана група која вчера изврши напад врз косовски полицајци во селото Бањска во северно Косово, се искачи на четири, јави дописникот на МИА од Приштина.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.