Пронајдено е телото на последната жртва во селото Доња Јабланица од деветнаесет по кои се трагаше во последните десет дена откако северниот дел на Херцеговина и централниот дел на Босна го зафатија катастрофални поплави проследени со одрони од карпи.

Телото на починато лице е пронајдено во основата на хидроцентралата Грабовица на реката Неретва“, соопшти МУП на Херцеговско-неретванската жупанија, со седиште во Мостар.

Станува збор за жител на селото Доње Јабланица, кој загинал заедно со уште 17 лица, главно како последица од поплавата и падот на карпите од блискиот каменолом, кој паднал врз селото.

Уште едно лице загина во селото Злате, со што вкупниот број на жртви во Јабланица се искачи на 19. Во Коњиц се удавија четири лица, а таму се трага по телото на уште една жртва. Вкупниот број на загинати во поплавите и одроните во Босна и Херцеговина досега е 26 лица.

За утре е најавен колективно испраќање, погреб за сите загинати во Јабланица.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.