Професор од гимназија во Љубљана е фатен како шмрка кокаин во тоалетот за време на матурска вечер, објави „словенске њуз“.

Покрај тоа што шмркал кокаин, професорот наводно бил и многу пијан, на матурантите им се обраќал непримерно, се тетеравел, а во еден момент, според очевидци, дури и паднал на земја.

Аленка Будихна, директорката на гимназијата Бежиград, потврди дека се свесни за обвинувањата и дека обвинувањата се вистинити. Професорот повеќе не работи во гимназијата.

Имавме матура, а потоа неколку дена подоцна почнав да ги добивам овие информации. Веднаш го повикав работникот на разговор, му ја објаснив ситуацијата и тој престана да работи“, изјави директорот.

Инцидентот не се случил на официјалниот дел од матурската вечер, туку нешто подоцна, на афтер забавата на која се присутни само студенти.

Од училиштето велат дека професорот работел со нив од октомври минатата година и не немал никакво претерано или неумесно однесување.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.