На предлог на Вишото јавно обвинителство во Белград, суд во Белград му го продолжи притворот за уште 30 дена на Владимир К., татко на 13-годишното момче К.К., кој на 3 мај уби десет и рани шест лица во основното училиште „Владислав Рибникар“ во главниот град на Србија.
Притворот е продолжен поради посебни околности кои укажуваат дека обвинетиот во случај да биде пуштен за кратко време ќе го повтори кривичното дело, како и поради тоа што обвинетиот е основано сомнение дека сторил кривично дело за за кој е пропишана затворска казна над десет години, а начинот на извршување и сериозноста на последиците од кривичното дело доведоа до вознемиреност кај јавноста, што може да го загрози непреченото и правично водење на кривичната постапка, соопшти тој суд.
Владимир К. беше уапсен веднаш откако неговиот син, кој не одговара кривично бидејќи нема навршено 14 години, изврши кривично дело на училиште.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.