Со истакнување на кандидатурата на Милица Ѓурѓевиќ-Стаменковски од Заветници за претседател на Србија на претстојните избори на 3 април, таа стана седма личност која има намера да учествува на изборите за претседател на републиката, а да партиите од владејачката коалиција се уште не го објавиле својот кандидат, кој се очекува да биде лидерот на СНС Александар Вучиќ.

Според аналитичарите различноста на опозициската политичка сцена во Србија е таква да нивен единствен кандидат е речиси невозможна мисија, анализира ТВ Н1.

Оваа кандидатура е најмалку четврта на десното крило на српската опозиција и седма воопшто. Досега свои претседателски кандидатури најавија Бошко Обрадовиќ од српското движење Двери, Милош Јовановиќ пред коалицијата НАДА (ДСС и ПОКС) и Милош Вациќ од Српската десница. Од коалицијата Обединета Србија (ПСС, НС, ДС, ПСГ,ПзП, ПСС, Слога, ДЗВМ, Граѓанското движење) како кандидат за претседател го истакна Здравко Понош, а пред нив се кандидраше и новинарот Срѓан Шкоро и Никола Сандуловиќ од Републиканската партија. Списокот веројатно не е конечен, оти сеуште се премислува и поранешниот претседател, сега лидер на Социјалдемократската странка на Србија, Борис Тадиќ.

Добрица Веселиновиќ од движењето Да не го давиме Белград и еколошката коалицијата Мораме изјави дека одлуката за претседателската кандидатура се уште не е донесена.

Опозицијата не само што оди со повеќе претседателски кандидати, туку и со неколку изборни листи за парламентарните избори.

-Во ваквата опозиција, која е доста хетерогена, тешко е да се очекува една листа. Тие се неизбежни, но не треба да се претерува со нив. Евентуално, две опозициски листи се доволни, но очигледно нема да има две, изјави за Н1 програмскиот директор на Демостат, Зоран Пановиќ..

Владејачката коалиција гледа на претседателските избори да не троши гласови, а на парламентарни оди со неколку листи. И за сето тоа има добра причина која според политичкиот аналитичар Ѓорѓе Вукадиновиќ е во тоа што режимот е во своевидна дефанзива.

-Се покажа дека силата на СНС и на Вучиќ е повеќе последица на слабоста на опозицијата. Не верувам дека ќе има промена што ја присакуваме, иако вториот круг би бил сериозна промена. Промена би била победата на опозицијата на парламентарните избори, водство на претседателските избори и победа на изборите за градот Белград. Не верувам дека ќе се разбудиме во ваква Србија, но нема да биде баш исто како досега. Ќе има некои промени. Конкретно, одредено слабеење на оваа апсолутна семоќ на Вучиќ и СНС, истакна Вукадиновиќ за Н1.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.