Две од партиите во новиот бугарски Парламент: „Промените продолжуваат“ и „Демократска Бугарија“, доколку од претседателот Румен Радев го добијат вториот мандат, изразија подготвеност заедно да работат на формирањето малцинска влада со јасна визија, стратегија, план, изјавија на брифинг во Народното собрание копретседавачот на „Промените продолжуваат“,  Кирил Петков, и копретседателот на „Демократска Бугарија“ Христо Иванов.

-Мандатарот на вториот мандат – „Промените продолжуваат “, за првпат почнува со вистински напор да се пронајде некоја формула на надеж, за да има некакво владеење што Бугарија ќе ја придвижи напред, коментира Христо Иванов.

Петков наведе кои се предлог законите, кои според нив, треба да бидат решени, а ги определи како приоритети на бугарскиот народ. Услов е тие да бидат прифатени, без резерва од останатите партии во 48. Народно собрание на Бугарија. Петков, пред се, посочи на повлекувањето на измените во Изборниот законик поврзани со враќањето на хартиеното ливче за гласање во Бугарија

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.