Претседателот на српското Собрание, Владимир Орлиќ, изјави дека косовскиот премиер Албин Курти веднаш побрзал да ги обвини Србите за настаните во Бањска и дека секој сериозен човек прво би видел што точно се случило, па потоа би коментирал.

Ако би зборувале за оние кои се ништо друго освен тоа, тогаш ја видовте и реакцијата на Албин Курти, кој веднаш почна, побрза прво да ги обвини Србите, да каже дека тоа е некаква организирана акција, незнам што акција, и дека тоа го правеле некои професионалци, сигурно во меѓувреме ги легитимирал лично, па знае кои се и што се, значи јасно ви е се, изјави Орлиќ за ТВ Прва.

Еден полицаец загинал, а друг е ранет во напад врз единица на косовската полиција синоќа на влезот во селото Бањска на северот на Косово, соопшти полицијата во Приштина.

Но, ако зборуваме за тоа кому му одговара насилство, од било каков вид – тоа е исклучиво Албин Курти и тоа сите го знаат. И се што направи во претходните месеци со најбруталниот можен терор што го вршеше врз голиот српски народ, го направи токму затоа што сакаше отворена ескалација и затоа што сакаше да доведе до некакво насилство, истакна Орлиќ.

Тој посочи дека е јасно кој може да биде задоволен доколку дојде до некаков конфликт, особено ако станува збор за човечки жртви.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.