Претседателот на бугарското Народно собрание Никола Минчев е позитивен на коронавирус. Од парламентот појаснуваат дека тој се почувствувал лошо по состанокот на Консултативниот совет за национална безбедност кај претседателот на државата, што траел речиси шест часа, јави Нова ТВ.
Како што пренесува дописникот на МИА од Софија, откако се почуствувал лошо Минчев направил тест. Во следните денови тој ќе учествува на седниците на 47. Народно собрание на Бугарија од далечина, по електронски пат, со почитување на правилата усвоени од Собранието.
Бугарските медиуми јавија дека Минчев и другите учесници на Консултативниот совет за национална безбедност ќе бидат во карантин 10 дена, што, според нив, ја доведува во прашање посетата на премиерот Кирил Петков на 18 јануари на Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.