Вршителот на должноста министер за енергетика на Бугарија, Росен Христов, на брифинг најави дека само еден танкер за течен гас на американската компанија „Шиниер“ ќе купи „Булгаргаз“ и тоа ќе биде за октомври.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, повикувајќи се на Христов, одбиени се преостанатите шест од седумте танкери договорени за време на редовната влада на Бугарија на Кирил Петков.
Понудата на американската компанија „Шиниер“ за танкерите истече вечерва. Купувањето само на еден танкер е затоа што е договорено само едно место за истовар и тоа е на терминал во Турција.
Христов му се заблагодари на „Шиниер“ за нивната флексибилност бидејќи не ја променија понудата иако танкерот беше еден, како и на заменик-министерот за енергетика на Турција Бајрактар за нивната помош во обезбедувањето слот на терминалот за негово истовар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.