Врз основа на прелиминарните и нецелосни резултати по 43,84 отсто од обработените избирачки места, актуелниот турски претседател Реџеп Тајип Ердоган води на претседателските избори во Турција, јави агенцијата Анадолија.
Граѓаните на Турција денеска гласаа на редовните претседателски и парламентарни избори, избирајќи меѓу тројца претседателски кандидати, 24 политички партии и 151 независен кандидат за новиот состав на Големото национално собрание, кое има вкупно 600 пратенички места.
Право на глас на изборите имаа 64,11 милиони луѓе, а излезноста била 88,44 отсто.
Според редоследот на гласачкото ливче во изборната трка за претседател на Турција учествуваат актуелниот претседател Реџеп Таип Ердоган, Кемал Киличдароглу и Синан Оган.
Според прелиминарните резултати, обработени се 43,84 отсто од избирачките места, а Ердоган е во водство со 52,43 отсто освоени гласови.
Следува Кемал Киличдароглу со 41,68 отсто и Синан Оган со 5,35 отсто. Мухарем Инџе, кој пред два дена се повлече од изборната трка, доби 0,54 отсто од гласовите.
Во трката за турскиот парламент обработени се нешто помалку од десет отсто од избирачките места, а во водство е Народната алијанса, предводена од Партијата на правдата и развојот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.