Министерството за одбрана на Црна Гора објави оглас преку кој нуди работа на невработен снајперист во општина Пљевља. Огласот на Министерството е дел од распишаниот конкурс за прием на 70 војници со едногодишен договор со можност за продолжување, соопштија од тој ресор.

Како што се наведува, кандидатите за оваа позиција треба да ги исполнуваат потребните услови, вклучувајќи црногорско државјанство, исполнување физички и психолошки критериуми и безбедносен скрининг за прием во армијата на Црна Гора.

Заинтересираните можат да се пријават за работа во 1. пешадиски баталјон, морнарица, воздухопловство, баталјон за борбена поддршка, чета за комуникации и електронско војување, како и во Центарот за обука – се наведува во соопштението, во кое се додава дека оние кои ќе бидат прифатени ќе бидат испратени на основна воена обука, а потоа и на дообука во нивните единици.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.