Турција и Грција, кои имаат територијални спорови долги години, во последно време се почесто имаат потези и реакции кои ги затегнуваат меѓусебните односи.

Најновиот територијален проблем меѓу двете земји се појави поради островите во Егејското Море. Турција ја обвинува Грција за поставување оружје на островите во близина на турската граница, додека Атина вели дека оружјето е неопходно за самоодбрана. Исто така, грчкиот премиер Киријакос Мицотакис ја обвини Турција за дестабилизирање на ситуацијата на Кипар.

Турскиот лидер,  Реџеп Таип Ердоган, пак, порача дека Грција мора да ги признае своите граници и да се придржува до нив, затоа што во спротивно Анкара ќе одговори одлучно.

Потоа, пензионираниот грчки генерал Јанис Еголфопулос и се закани на Турција со ракетен напад врз стратешките мостови во Истанбул што ги поврзуваат Европа и Азија.

По таквата вербална препирка, политикологот Таки Барбракис изјави дека разговорите за можноста од воен конфликт меѓу Анкара и Атина во последно време се зачестени меѓу грчките политичари, пренесува „Ал Џезира“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.