Според грчката „Прототема“, пожар денеска избувнал меѓу Метаморфози и Никити. На терен се 37 пожарникари со 12 возила од кои две противпожарни возила од Бугарија со 10 лица-пожарникари.

Во оваа област бил испратен и хеликоптер. Во моментов не се загрозени станбените области.

За потсетување, Грција со денови се бори со шумските пожари што беснеат на Родос, Крф и Евија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.